Монако со пресврт го „нокаутира“ Монпелје

Фудбалерите на Монако ја запишаа петтата победа во француската Лига 1, откако вечерва го надиграа Монпелје со 2-1.

Монпелје постигна гол во 16. минута за предност од 1-0, но Балогун ги врати „кнезовите“ во игра за победа откако погоди во 32. минута за 1-1.

Кулибали беше исклучен во судиското надополнување, а дури во осмата минута од продолжението Камара стрелаше за целосен пресврт (2-1).

Монако е на делба на првата позиција со ПСЖ со по 16 бодови.