„Одигравме добро прво полувреме, но потоа следеше пад во играта и концентрацијата!“
Тренерот на Пелистер, Александар Петровиќ посочи дека неговиот тим имал добри моменти во првото полувреме, но не успеал да ја зачува предноста до крајот на мечот.
„Во првото полувреме одигравме како што се договоривме и тогаш имавме водство. Во вториот дел дојде до пад во играта и концентрацијата, посебно во одбраната каде дозволивме да примиме лесни поени, не направивме прекршоци во вистинско време и тука ги гледам причините за поразот. Им честитам на играчите на МЗТ Скопје, денеска беа подобри од нас. Ова е почеток на сезоната, во вторник не очекува дуел со Широки Бријег и се насочуваме кон тој меч“, кажа Петровиќ