Комити: Европскиот срам, продолжи во црвено-црниот храм!
За време на натпреварот навивачите истакнаа транспарент на кој пишуваше „Прво прашање оваа сабота: Кој ќе ја плати европската срамота“, а по мечот во Скопје испратија уште една порака до битолчани.
„Европскиот срам, продолжи во црвено-црниот храм“, објавија Комити на нивниот профил на социјалните мрежи.
Пелистер игра ужасно во Лигата на шампиони, односно минатата сезона ја заврши со 14 порази, а оваа сезона веќе запиша три порази по ред.