Денеска на Вимблдон го видовме еден од најконтроверзните поени (ВИДЕО)

На мечот помеѓу Германецот Струф и Медведев беше виден еден од најконтроверзните поени досега на Вимблдон.

Струф го победи рускиот тенисер со 3-0 во сетови и така се пласираше во осминафиналето на третиот грен-слем во сезоната.

Во моментот кога резултатот беше 5-2 во петтиот сет за рускиот тенисер, кој тогаш сервираше за меч, се случи еден од најконтроверзните поени во историјата на Вимблдон.

Имено, топчето го погоди држачот на мрежата, по што се врати во полето на Струф. Главната судијка најпрво не беше сигурна како да ја досуди ситуацијата, бидејќи не забележа што точно се случи.

На крајот поенот му припадна на Струф, кој направи брејк, по што играта на Медведев целосно се распадна. Германецот врза пет поени по ред и го освои и третиот сет за конечна победа.