Ѓоковиќ го предизвика Федерер: Нека дојде да ги одмериме силите!
Двајцата се рекордери во машка конкуренција, а Ѓоковиќ ќе има прилика веќе против Роман Сејфулин да избие осамен на врвот. Сепак, ако се сметаат и тенисерките, тука апсолутна рекордерка е Мартина Навратилова со 120 победи.
По мечот, Ѓоковиќ беше запрашан дали планира да го надмине и тој рекорд на што даде интересен одговор.
„По 120 ќе најдете некој друг... Тоа што правам историја е нешто посебно, особено на ова место за кое сонував уште од детството. Не размислувам за тоа, само сакам да го добијам мечот што се игра тој ден. Бев понервозен од вообичаено. Можеби јас и Роџер би можеле да ги одмериме силите за 106. победа. Нека дојде“, се пошегува Ѓоковиќ.
Ќе потсетиме, Ѓоковиќ на Вимблдон игра за своја 25 грен-слем титула во кариерата.