Хрватска од денеска веќе нема селектор!
Натпреварот против Португалија, кој Хрватска драматично го загуби со 2-1, беше негов 111. меч на клупата и според сите најави, последен во овој мандат.
„Неверојатно е сè што направивме, имаме успеси за паметење и прекрасни моменти, но мислам дека дојде крајот на една ера. Време е за нови почетоци“, изјави Далиќ по натпреварот.
Најуспешниот селектор во историјата на хрватската репрезентација веќе подолго време има понуда од ХНС за продолжување на договорот, но истиот сè уште не е потпишан.
Во меѓувреме, во јавноста се појавуваат информации дека Далиќ би можел да ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, со значително финансиско подобри услови, но конечна одлука се очекува во наредните денови.
Хрватскиот фудбалски сојуз веќе размислува и за можни наследници. Како најсериозно име се споменува Ивица Олиќ, кој веќе беше дел од стручниот штаб на ова Светско првенство, а кој моментално ја води и младата репрезентација.