Дарко Додев ќе игра во Казахстан

По заминувањето од редовите на Силекс, Дарко Додев кариерата ја продолжува во казахстанскиот прволигаш Алтај.

Во изминатата сезона Додев беше еден од најважните фудбалери на Силекс со кој стигна и до освојување на Купот на Македонија. Сезоната во Првата лига ја заврши со пет гола и девет асистенции на 26 натпревари, додека во купот запиша четири настапи и додаде два гола и една асистенција.

Со добрите настапи се избори и за повик во репрезентацијата за пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и Турција, против Турција доби шанса и за деби одигрувајќи 24 минути.

За него ова ќе биде второ интернационално искуство откако пред три години го носеше дресот на Влазанија. Во Македонија беше дел уште од Металург, Тиквеш, Шкупи и Брегалница.