Официјално: Манчестер сити си купи англиски фудбалер за 134 милиони евра!

Манчестер сити го потврди трансферот на Елиот Андерсон од Нотингем Форест во вредност од 134 милиони евра, а англискиот репрезентативец потпиша договор до 2031 година.

Овој 23-годишен фудбалер во 2024 година пристигна во Нотингем Форест, по што воодушеви со неговите настапи и стана еден од најдобрите во Премиер лигата, а со тоа го привлече интересот на гигантите, но Сити беше најбрз во преговорите и го договори големото засилување.

„Како фудбалер секогаш сакате да играте на највисоко ниво, а доаѓањето во Сити ви ја дава таа шанса. Успесите кои ги остварија и стилот на игра во последните 10 години се извонредни“, кажа Андерсон.