Голем удар за Барселона: Де Јонг ќе паузира до шест месеци!

Ѕвездата на Барселона, Френки Де Јонг ќе паузира до шест месеци надвор од терените поради повреда на коленото.

Де Јонг преку социјалните мрежи откри дека се повредил за време на Светското првенство (СП), а деталните медицински прегледи во Барселона покажале дека го чека голема пауза.

„За време на Мундијалот, го повредив моето колено. Докторите ми кажаа дека имам мала повреда и нема да има посериозни проблеми ако играм. Сепак, морав да играм со болка. Кога се вратив во Барселона и имав дополнителни прегледи се покажа дека повредата е посериозна од што мислевме. За среќа, во моментов нема да треба да правам операција“, кажа Де Јонг.