Милан може да извиси: Сопругата на Модриќ сака да се вратат во Мадрид
Според информациите, сопругата на хрватскиот ас, Вања Модриќ би сакала семејството повторно да се пресели во Мадрид, каде што живееше повеќе од една деценија додека легендарниот играч настапуваше за Реал.
Иако Лука моментно е фокусиран на својата кариера и сè уште не донел конечна одлука за иднината, враќањето во шпанската престолнина останува реална опција. Се шпекулира дека по завршувањето на играчката кариера би можел повторно да биде дел од Реал Мадрид, но во некоја клупска функција.
Модриќ мина 13 незаборавни години во дресот на „кралскиот клуб“, каде што стана најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, па не е изненадување што неговото семејство и понатаму чувствува силна поврзаност со шпанската престолнина. Пред неколку дена излегоа информации дека тој наводно прифатил да одигра уште една сезона во Милан, но новиот развој на настаните може да го принуди да ја заврши кариерата. Тоа веројатно ќе значи и збогување со хрватската репрезентација иако постоеше можност да ја одигра барем претстојната Лига на нации.