Направи голема промена: Еве како сега изгледа најпознатиот навивач на Јунајтед (ВИДЕО)

Франк Илет сигурно е најпознатиот навивач на Манчестер јунајтед кого светот го запозна поради необичното ветување дека нема да се шиша додека тимот на врзе пет победи во низа и засега уште чека.

Ветувањето Илет го даде во октомври 2024 година и од тогаш поминаа 656 дена, па неговата коса стана преголема поради што мораше да пронајде и решение.

Тој летово отпатува во САД каде што следеше неколку натпревари на Мундијалот вклучувајќи го и финалето. Но, пред да отпатува својата коса ја врзал во плетенки. На тој начин направи драстична промена на изгледот, па сигурно и многумина не би го препознале.

Пред финалето помеѓу Аргентина и Шпанија тој одлучи и да ги отстрани плетенките, меѓутоа неговата коса поради нив не се вратила во ситуацијата како што изгледаше претходно.

Како и да е Илит, сигурно нема да оди на фризер пред септември бидејќи во тек е летната пауза во најсилните првенства.