Норвежаните му најавија тужба на Трамп: Вака влегувате на многу опасен терен!
Контроверзијата настана откако ФИФА, за време на Светското првенство, ја укина казната изречена за напаѓачот на САД, а Трамп потоа јавно откри дека лично разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во врска со случајот.
Претседателката на Норвешкиот фудбалски сојуз, Лисе Клавенес, во изјава за британскиот „Тајмс“ остро го осуди ваквиот развој на настаните и најави конкретни чекори против раководството на светската куќа на фудбалот.
„Кога ќе ги прекршите правилата на ваков начин, влегувате на многу опасен терен што може да ја доведе во прашање веродостојноста на целата игра“, изјави Клавенес, нагласувајќи дека се загрозуваат основните принципи врз кои се темели спортот.
Од Норвешкиот фудбалски сојуз се убедени дека одлуката е донесена под директно влијание на политички фактори.
Клавенес предупреди дека прилагодувањето на одлуките според желбите на државни лидери претставува опасен преседан и ги поместува границите на политичкото мешање во спортот.
Според неа, обидите случајот да биде прикриен нема да успеат, бидејќи навивачите, фудбалерите и тренерите се свесни дека се нарушени темелните принципи на фудбалската игра. Случајот тaка наскоро би можел да добие и официјална разрешница пред етичките тела на ФИФА, отворајќи едно од најсериозните прашања за политичкото влијание во современиот спорт.
🔽 EXCLUSIVE: Norway to make formal complaint about Trump's Balogun interference to Fifa ethics committee
— Times Sport (@TimesSport) July 23, 2026
⬇️ NFF president Lise Klaveness speaks with @martynzieglerhttps://t.co/TZvuY5i6uX