Барса се пофали со новото засилување, Флик доби напаѓач по мерка
Иако трансферот на Гордон привлече поголемо внимание, ангажманот на Адејеми исто така се смета за важно засилување. Германецот пристигнува од Борусија Дортмунд, која реши да го продаде бидејќи му преостануваше уште една година од договорот, а фудбалерот немаше намера да го продолжи.
Поради тоа, германскиот клуб прифати понуда од 22 милиони евра, со можност да добие уште седум милиони преку бонуси поврзани со настапите и учинокот на играчот. Во договорот е вклучена и клаузула според која Борусија ќе добие 20 проценти од евентуалниот иден трансфер на напаѓачот.
Адејеми потпиша петгодишен договор со Барселона и треба да му понуди повеќе тактички опции на тренерот Ханси Флик во нападот. За Адејеми ова ќе биде нова соработка со Флик, бидејќи токму под водство на актуелниот тренер на Барселона дебитираше за сениорската репрезентација на Германија.
No parpadees. Bienvenido, Adeyemi 💙❤️ pic.twitter.com/3VQGOJQanD
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 23, 2026