Момент со многу емоции: Педро Поро исполни ветување од детството - му го подари медалот на својот дедо! (ВИДЕО)

Педро Поро со репрезентацијата на Шпанија зад себе има одлично Светско првенство во кое ја освои светската титула, а тој беше еден од најважните фудбалери, сега го привлече вниманието и со еден емотивен момент.

Имено, по освоениот Мундијал Поро одлучи најголемото признание досега во својата кариера, златниот медал од турнирот да му го подари на својот дедо без кого тешко дека би бил таму каде што  е денес.

Дедоото на Поро додека тој беше дете кое сонува големи нешта и фудбалска кариера со години го возеше на тренинзите и натпреварите давајќи му најголема поддршка кога патот до професионалниот фудбал изгледаше далеку.

„Мисијата е завршена“, порача Поро додека неговиот дедо со гордост и емоции го ставаше медалот околу вратот.