Доказ какво влијание има: Еден мал потег на Јамал вреди милиони! (ФОТО)

Младата шпанска суперѕвезда Ламин Јамал уште еднаш покажа колкаво влијание има врз светската јавност. За време на финалето на Светското првенство, сосема случајно направи неверојатна реклама на еден моден бренд и за кратко време ги испразни нивните магацини.

Шпанскиот крилен напаѓач во неколку наврати за време на натпреварот го подигна дресот, при што на лентата од неговата долна облека јасно се гледаше логото на германскиот бренд „6PM“.

Со оглед на тоа што финалето го следеа околу една милијарда гледачи ширум светот, овој спонтан момент се претвори во една од најефикасните маркетиншки реклами годинава. Според германскиот „Билд“, побарувачката за боксерките на брендот буквално „експлодирала“ уште за време на телевизискиот пренос.

Љубителите на модата и фановите на младиот фудбалер масовно ја посетиле официјалната интернет-страница на брендот, по што производот бил целосно распродаден во рекордно краток рок.

Овој необичен случај уште еднаш потврди дека Ламин Јамал е една од највлијателните спортски фигури на новата генерација.