Поранешен кошаркар на Денвер уапсен поради кражба!
Полицискиот извештај покажува дека инцидентот се случил на 16 јули околу 20 часот, кога сопственикот на продавницата повикал полиција откако го забележал Лосон како излегува од објектот со шише вотка.
Лосон бил приведен и сместен во притвор, по што против него била поднесена пријава за кражба на производи чија вредност е помала од 300 долари.
„Њујорк Пост“ пишува дека Лосон направил проблеми и во притвор, односно ги навредувал полициските службеници.