Арсенал подготвува нов напад: 70 милиони фунти за ѕвезда на Њукасл

Англискиот шампион Арсенал е сè поблиску до големо засилување ова лето, откако постигна договор за личните услови со капитенот на Њукасл, Бруно Гимараеш.

Според последните информации, „топчиите“ испратиле понуда од 70 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец, па се очекува одговор од Њукасл.

Њукасл засега нема намера лесно да се откаже од својот фудбалер, иако Арсенал се надева дека со новата понуда ќе го убеди ривалот да им го продаде Бразилецот.

Фото: Facebook/Arsenal