ФИФА се пофали со чипот, но заборави едно свое правило – еве зошто Хрватска е оштетена!
Погодокот на Јошко Гвардиол во 103. минута, односно во 13. минута од судиското продолжение, беше поништен откако судиите утврдија дека Игор Матановиќ ја допрел топката по центаршутот, поради што Марио Пашалиќ, кој асистираше за акцијата, бил во офсајд.
Контроверзата се однесува на минималниот контакт на Матановиќ со топката, кој е тешко забележлив со голо око. Самиот фудбалер потврди дека почувствувал допир со топката во пределот на косата.
ФИФА потоа се пофали со својата технологија на овој Мундијал, како и со чиповите во топката кои го регистрирале контактот. Сепак, дел од јавноста забележува дека од светската фудбалска федерација не е нагласено едно правило кое би можело да оди во прилог на Хрватска.
Имено, правилата на ФИФА наведуваат дека косата се смета за дел од телото на играчот само доколку влијае врз движењето или патеката на топката, најчесто во случаи на значителен контакт со играч кој има значително повеќе коса.
„Косата се смета за дел од телото само ако влијае на движењето или патеката на топката, што е најчесто во случаи на значителен контакт, како пунџа на врвот од главата“, стои на официјалната страница на ФИФА.
Доколку судиите во конкретниот случај се водеа според ова правило тогаш голот на Хрватска веројатно немало да биде поништен.