Хамилтон до пол-позиција за спринтот на домашен терен

Британецот, Луис Хамилтон дојде до пол-позицијата за спринт трката на Големата награда на Велика Британија на Силверстоун.

Хамилтон денеска беше побрз за 11 илјадити делови од секундата од фантастичниот тинејџер Кими Антонели. Од вториот ред ќе стартува Ферстапен и Леклер.

Место во топ десет добија уште: Расел, Норис, Пјастри, ХАџар, Лосон и Линбланд.

Спринт трката на програмата заедно со квалификациите ќе се возат утре, додека трката е закажана за в недела.