Ел Шарави најде нов клуб, ќе заработува десет милиони евра по сезона

Откако му истече договорот со Рома, искусниот напаѓач Стефан Ел Шарави стана слободен агент и според најавите од италијанските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во саудиски Ал Шабаб.

Договорот на Ел Шарави со Рома заврши на 30 јуни, а клубот не му понуди продолжување на соработката, па тој сега е подготвен за нов предизвик.

Според „Газета дело Спорт“ и уште неколку италијански извори, Ел Шарави веќе постигнал договор со Ал Шабаб. Станува збор за двегодишна соработка според од која ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона, што претставува значително подобрување на неговите финансиски услови. 

Во двата мандати во дресот на Рома, Ел Шарави одигра 348 натпревари во сите конкуренции и постигна 66 голови. Низ кариерата настапуваше уште за Џенова, Милан, Монако и кинескиот Шангај Шенхуа.