Се посрамоти за сите пари - го имаме најголемото промашување на Мундијалот! (ВИДЕО)

Швајцарија утрово во последниот натпревар од шеснаесетфиналето со 2-0 го совлада Светското првенство и обезбеди пласман во следната фаза од турнирот, а во овој дуел видовме и едно големо промашување на Фабијан Ридер.

Станува збор за 24-годишниот играч за врска, кој во 81. минута доби идеална можност да го постигне третиот гол за својата селекција. При водство од 2-0, Ридер се најде осамен на само неколку метри од голот, но наместо да ја затресе празната мрежата, шутираше директно во голманот.