Објавени пошироките списоци на младите одбојкари и одбојкарки за квалификациите за ЕП (ФОТО)

Машката и женската репрезентација на Македонија до 20 години ќе учествува на Балканските шампионати во август, а истите ќе имаат улога и на Зонските квалификации за Европското првенство кое се одржува следната година.

Селекторот на машката селекција, Јован Шапе и неговиот асистент Миодраг Новески го објави поширокиот список со 18 одбојкари од девет клубови од Македонија.

Подготовките на машките одбојкари се закажани за 5 август во Крушево, а квалификациите ќе се одржат од 25 до 29 август во Софија, Бугарија.

Селекторот на женската селекција до 20 години, Деан Стојанов и неговиот асистент Мартин Јовановски го објави списокот со 16 одбојкарки.

Собирот на одбојкарките е на 27 јули во Скопје, додека квалификациите се играат од 19 до 23 август во Сараево, БиХ.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија