Нагелсман замина од кормилото на Германија со еден куп пари!

Јулијан Нагелсман замина од кормилото на Германија по елиминацијата од Светското првенство (СП), а денеска пристигна информација и за отштетата која ќе ја добие.

Нагелсман имаше договор до 2028 година, но со челниците на фудбалската федерација договорија прекин на соработката и поради тоа ќе добие седум милиони евра.

Германскиот стратег имаше годишна плата од седум милиони евра, што значи дека се откажал од половина пари кои му следуваа до крајот на договорот.

Фото: Facebook/Germany Football Team