Модриќ удри по ВАР: Немаше никаков пенал, секогаш ние сме оштетени!

Португалија се пласира во осминафинале на Светското првенство (СП), откако славеше со 2-1 против Хрватска, а по натпреварот Лука Модриќ не беше задоволен од ВАР-технологијата.

Модриќ кажа дека е разочаран затоа што биле досудени одлуки против Хрватска и посочи дека технологијата се користи да се фаворизираат одредени екипи.

„Мислам дека заслуживме многу повеќе. Немаше пенал. Да беше обратна ситуација, ВАР немаше да интервенира. Кажав дека не ми се допаѓа ВАР кога беше воведен, подоцна се покажа како корисен во одредени ситуации, но се злоупотребува затоа што го применуваат селективно и во зависност од тимот. Сметам дека ВАР треба да реагира ако постои сигурност дека е направена грешка, а не на ситуации како таа“, вели Модриќ.

Фото: Hrvatski nogometni savez