Модриќ плачеше, Роналдо го тешеше! (ВИЕО)

Лука Модриќ веројатно го одигра последниот меч за хрватската репрезентација, неговата неверојатна приказна со „коцкестите“ заврши на тажен начин.

Хрватска одигра одлично второ полувреме на мечот со Португалија, но беше елиминирана. Дополнителен гнев предизвикува поништениот гол во 13. минута од судиското продолжение, Хрватите се израдуваа, па им беше кажано дека поради сензорот во топката погодокот е поништен.

По последниот судиски свиреж Модриќ беше емотивен, плачеше, а еден од оние кои му пријдоа беше неговиот поранеше соиграч, Кристијано Роналдо.

„Играв со Модриќ многу години. Прекрасно е да се види дека уште игра на највисоко ниво. Му посакав се најдобро во понатамошниот дел од кариерата“, рече Роналдо по мечот.

Модриќ и Роналдо беа соиграчи во Реал Мадрид од 2012 до 2018 година. 

Хрватската легенда не сакаше да каже дали ќе се пензионира или ќе продолжи да игра фудбал и во наредната сезона.

„Не е време сега да зборувам за тоа, ќе дознаете за брзо време“, рече Модриќ.