Шпанија ја уништи Австрија и избори осминафинале на СП (ВИДЕО)
„Црвената фурија“ доминираше од почетокот на натпреварот, а единствениот гол во првото полувреме го постигна Микел Ојарзабал во 36. минута.
Шпанија продолжи со нападите и во вториот дел, а Педро Поро во 66. минута зголеми на 2-0, додека Ојарзабал во завршницата од дуелот ги постави конечните 3-0.
Избраниците на селекторот Де Ла Фуенте во осминафинале ќе се соочат со победникот од мечот меѓу Португалија и Хрватска.
Фото: Das Nationalteam