Србија на крилјата на Јокиќ ја прегази Швајцарија

Кошаркарите на Србија триумфираа против Швајцарија со 97-73 во петтото коло од групата Ц во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2027 година.

„Орлите“ во првото полувреме налетаа на отпор на Швајцарија, но и покрај тоа го добија првото полувреме со плус пет (49-44).

Србија конечно го скрши ривалот во вториот дел за на крајот да стигне до убедливи 97-73 за трет триумф во квалификациите.

Најефикасен на паркетот беше Никола Јокиќ со 22 поени, 14 скокови и седум асистенции, додека Шумахер постигна 19 поени за Швајцарија.

Фото: Facebook/Košarkaški savez Srbije