Готово е: Нагелсман заминува, Германија ќе добие нов селектор!

Германците ќе направат селекторска промена по дебаклот на Светското првенство откако беа елиминирани во 1/16 финалето од Парагвај.

Јулијан Нагелсман има договор до 2028 година, но нема да го дочека тој датум. Германските медиуми пишуваат дека донесена е одлука за негово заминување.

Според „Билд“ договорена е разделба меѓу Германија и Нагелсман, а наскоро тоа и официјално ќе биде соопштено.

Како главен фаворит за нов селектор на Германија се посочува Јирген Клоп.