Падна договор: Клоп ќе биде нов селектор на Германија (ФОТО)

Германската фудбалска репрезентација беше елиминирана од Парагвај на Светското првенство (СП), по што Јулијан Нагелсман реши да си поднесе оставка, а наводно веќе е постигнат договор со Јирген Клоп да биде нов селектор.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Клоп ја прифатил понудата да биде селектор на Германија, при што биле договорени сите детали меѓу двете страни.

Клоп пред два дена ја „отвори вратата“ за враќање на тренерската работа, а заминувањето на Нагелсман му даде шанса да ја тренира неговата татковина.