Ѓоковиќ го преживеа Риндеркнеш и се израмни со Федерер, Синер сигурен
Српскиот тенисер така стигна до 18. осминафинале на еден грен-слем, а воедно ја запиша 105. победа на Вимблдон, израмнувајќи се со Роџер Федерер на врвот на вечната листа на овој турнир.
Денеска Ѓоковиќ до брејк предност во првиот сет дојде во петтиот гем, но тогаш Французинот возврати и израмни на 3-3 п ошто следуваше голема борба, меѓутоа тогаш клучниот момент се случи во 11-тиот гем кога Новак поведе со 7-5 за 1-0 во сетови.
Вториот сет српскиот ас беше за нијанса подобар и го искористи падот кај својот противник за 2-0. Сепак, Французинот не се откажа и во третиот гем ја прикажа својата најдобра игра, тој сет го доби со убедливи 6-1.
Четвртиот сет донесе многу борба, се решаваше во тај-брејк, а таму Ѓоковиќ беше подобар со 7-4. Противник во осминафиналето на Ѓоковиќ ќе му биде Роман Сајфулин.
Осминафинале обезбеди и Јаник Синер кој беше сигурен и не дозволи Американецот Броксби да се понадева на некакво изненадување добивајќи го со 3-0 (6-4, 6-3, 6-4).