Германец го шокираше Медведев на Вимблдон
Германскиот тенисер одигра еден од своите најдобри мечеви во сезоната и по три исклучително неизвесни сета успеа да го совлада рускиот ас, кој не успеа да најде решение за силниот сервис и агресивната игра на противникот.
Првите два сета беа решени во тај-брејк, каде Штруф беше посигурен во клучните поени, додека во третиот сет направи решавачки брејк во финишот и со голема борба го потврди пласманот во осминафиналето.
Со овој пораз, Медведев го заврши настапот на лондонскиот гренд-слем многу порано од очекуваното, додека Штруф направи едно од најголемите изненадувања во досегашниот тек на турнирот.
Претходно денеска ќе потсетиме победи забележаа Ѓоковиќ и Синер.