Хани стана „мајстор“ за автоголови - израмни неславен рекорд! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Египет, Мохамед Хани повторно си постигна автогол на ова Светско првенство, овојпат против Австралија.

Несреќниот Мохамед Хани за четири натпревари двапати ја затресе сопствената мрежа. 

Првиот пат тоа беше во групната фаза против Белгија, а денеска донесе израмнување за Австралија против неговата репрезентација.

Со тоа го израмни рекордот на Иван Вотсов кој во 1966 година исто така постигна два гола на едно Светско првенство.