Бојан Богдановиќ има нов НБА клуб!

Хрватскиот кошаркар, Бојан Богдановиќ од Њујорк се сели во тимот на Бруклин нетс, трансферот го потврди најдобро информираниот кошаркарски новинар Адриан Војнаровски.

Богдановиќ предводи голем пакет на играчи кои одат кон Бруклин, а на спротивната страна се сели Микал Бриџис.

Конкретно, Њујорк никс го добиваат Бриџис кој во минатата сезона имаше просек од 19,6 поени, 4,5 скокови и 3,6 асистенции по меч, а заедно со нив и вториот избор на драфтот од 2026. Додека кон Бруклин ќе тргне Богдановиќ и седморица играчи кои ќе бидат драфтувани од 2025 до 2031 година.

Богдановиќ НБА кариерата ја почна токму од Нетс во 2014 година каде помина две ипол сезони. Потоа беше играч на Вашингтон, Индијана, Јута и Детроит кој на средина од минатата сезона го прати во Њујорк.

Минатата сезона за Детроит одигра 28 натпревари со просек од 20,2 поени и 3,4 скокови за 32,9 минути по натпревар. Во Њујорк имаше помала минутажа, неговиот ефект таму беше 10,4 поени со 2 скока за 19,2 минути по натпревар. 

Во НБА кариерата има одиграно 700 натпревари со просек од 15,6 поени, 3,6 скокови и 1,7 асистенции по натпревар.