Ако Србија му даде отказ на Пикси, ќе треба да му исплати огромна отштета!

Србија не ја оствари целта на Европското првенство, не успеа да се пласира во нокаут фазата, заврши како последна во групата и доживеа елиминација од турнирот во Германија.

Селекторот Драган Стојковиќ - Пикси трпи критики од јавноста, но тешко дека ќе има селекторска смена во српската репрезентација.

Пред почетокот на Европското првенство, Пикси потпиша договор до 2026 година, а во него има клаузула дека ако добие отказ, Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) ќе му исплати еден милион евра, пишува „СпортКлуб“.

Потпретседателот на ФСС барал на Пикси да му биде понуден договор во кој има клаузула дека со елиминација во групната фаза на ЕП ќе следува автоматски отказ.

Но, Пикси цврсто стоел на својот став и успеал да дојде до договор како што него му одговара. Нема клаузула за отказ при неуспех, но има за отштета од милион евра во случај да биде отпуштен.

Оваа сума е голема за балканска земја, па засега никој не верува дека Пикси ќе добие отказ и покрај неуспехот.