Милан преговара за трансфер на Лукаку, напаѓачот е пред преселба во ривалот на Интер!

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, тврди дека Милан ја почнал мисијата за ангажман на Ромелу Лукаку.

Напаѓачот би можел да се врати во Милано, но овојпат да го облече дресот на големиот градски ривал на Интер.

Милан веќе почнал први разговори со Челси за трансфер на Лукаку, а наскоро ќе има средба и со напаѓачот со цел да се договорат личните услови.

Интерес за белгискиот напаѓач има и од Наполи, па реални се шансите тој и наредната сезона да игра во Серија А.