На сапуницата ѝ доаѓа крајот: Мбапе кажа кога ќе го соопшти името на новиот клуб!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе му помогна на ПСЖ во победата од 2-1 во финалето на Купот на Франција, по што кажа дека е среќен што му помогнал на тимот да освои уште еден пехар пред да замине од Париз.

Сите со нетрпение го чекаат следниот потег на Мбапе, кој е блиску до потпис на договор со Реал Мадрид, но Французинот не сакаше да потврди дека во иднина ќе го носи „кралскиот дрес“ туку одлуката ја најави во следните денови.

„Заминувам со крената глава, имам убави спомени со ПСЖ. Наскоро ќе го објавам името на новиот клуб. Мислам дека нè делат само денови од мојот нов тим, треба да се комплетираат некои детали“, кажа Мбапе.