Комедија: Вучиќ бил бесен на Пикси и фудбалерите зашто на ЕП заминале со – хрватски авион!

Репрезентативците на Србија уште по групната фаа го завршија учеството на ЕП 2024, а претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, во гостување за една телевизија со национална фреквенција откри интересна приказна која делувала како малер за избраниците на селекторот Драган Стојковиќ-Пикси.

Таа истакна дека српскиот состав на континенталниот шампионат отпатувале со - хрватски авион.

„Тоа е вистинска приказна. Срамота, Претседателот Вучиќ беше многу лут. Имаме своја Ер Србија и сите патуваме со таа компанија. Кога ќе слета авионот, можете да го видите знакот Ер Србија и тоа е нашата гордост“, изјави Брнабиќ.

Поранешната премиерка изјави дека за тоа не се разговарало во претходните денови за да не се префрли фокусот на јавноста од поддршка на фудбалската репрезентација на сосема друга тема и оти смета дека тоа е правилна одлука. Но, Брнабиќ додаде дека „апсолутно е неопходно да се утврди како се случило и кој е одговорен“ за тоа што српските репрезентативци патувале со хрватски авион.

Останува да видиме со која авиокомпанија ќе се врати српската репрезентација за враќање од Германија и дали за тоа ќе бидат нападнати од врвот на државата.