Следната дестинација на Пиоли е Премиерлигата?

Стефано Пиоли синоќа се прости од Милан по речиси пет сезони. Клубот предвреме ја прекина соработката со италијанскиот стратег и сега ќе го назначи Пауло Фонсека за нов тренер. 

Пиоли веќе размислува за својата иднина и според него искуство во Англија би било добредојдено. 

„Моментално учам англиски и сакам да имам ново искуство во странство. Премиерлигата би била навистина убава и атрактивна можност, секако“, рече 58-годишниот тренер. 

Во својата богата тренерска кариера тој ги водеше и Интер, Фиорентина, Лацио, Палермо, Киево, Болоња и многу други италијански клубови.