Четири големи ѕвезди повеќе нема да играат за Србија додека Пикси е селектор!

Репрезентацијата на Србија со само два освоени бода во три натпревари испадна од ЕП 2024 на кое учествуваше првпат како посебна држава, поради што атмосферата во тимот не е најдобра, довербата во селекторот е изгубена.

Денеска ова го потврдуваат и српските медиумите, откако голманот Предраг Рајковиќ прв одлучил повеќе да не игра за репрезентацијата додека Драган Стојковиќ-Пикси е српски селектор. Идентична одлука како чуварот на мрежата донеле и Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Душан Тадиќ, кои исто така го замрзнале репрезентативниот статус.

Колку за потсетување, Немања Радоњиќ пред почетокот на турнирот реши да не игра се додека на клупата се наоѓа Пикси.