Грчки хулигани синоќа направиле хаос во Берлин: Еден навивач е во критична состојба (ВИДЕО)

Навивачите на кошаркарските клубови Олимпијакос и Панатинаикос синоќа околу 23 часот во Берлин предизвикале голема тепачка. 

Хулиганите се пресметувале меѓусебе, а според германските медиуми едно лице е во критична состојба по здобиените повреди од тепачката, уште две лица се потешко повредени, а деветмина минале со полесни повреди. Наводно полицијата уапсила 89 грчки хулигани. 

На завршниот турнир во кошаркарската Евролига што се одржува во Берлин, Олимпијакос загуби во полуфиналето од Реал Мадрид, додека Панатинаикос го совлада Фенрбахче. Вечерва се игра големото финале помеѓу Реал и Панатинаикос, а во мечот за третото место силите ќе ги одмерат Олимпијакос и Фенербахче.