Ристовски избран во тимот на сезоната во Хрватска

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски му помогна на Динамо Загреб да освои уште една титула во хрватската Суперлига, а тоа му донесе место во тимот на сезоната.

Според изборот на 233 фудбалери и 30 тренери од 10 клубови во хрватскиот шампионат беше составен идеалниот состав за сезоната 2023/24.

На голот е избран Недиљко Лабровиќ, во одбраната се Стефан Ристовски, Стјепан Радељиќ, Бруно Года и Нико Галешиќ. Средниот ред е составен од Јосип Мишиќ, Мартин Батурина, Тони Фрук, додека во нападот се избрани Рамон Назарено Миерез, Марко Пјаца и Бруно Петковиќ.