Тијаго се враќа во Барселона, но во невообичаена нова улога

Тијаго Алкантара е слободен агент откако му истече договорот со Ливерпул по завршувањето на сезоната. 

Челниците на Барселона сакаат да го вратат фудбалерот во своите редови летово, но во една нова и невообичаена улога. Наводно, Тијаго би бил играч и помошник тренер на Каталонците. 

Планот е тој да продолжи да игра, но со лимитирана минутажа, а воедно да биде и дел од стручниот штаб на новиот тренер Ханси Флик. Тој всушност треба да му помогне на Германецот да се адаптира на шпанскиот фудбал, но и на клубот. 

Тијаго (32) е дете на Барселона, каде играше до 2013 година пред да се пресели во Баерн Минхен. Во германскиот гигант играше до 2020 година, а последните четири сезони беше во Ливерпул.