Бахар ја повлече тужбата, Ц. Звезда ќе заштеди 1,5 милиони евра!

Црвена Звезда постигна договор со поранешниот тренер Барак Бахар за исплата на долговите, откако претходно Израелецот поднесе тужба против српскиот гигант.

Бахар минатото лето со „црвено-белите“ потпиша договор на три години вреден 1,2 милиони евра по сезона, но поради лошите резултати беше отпуштен по само една сезона.

Израелскиот стратег реши да ја тужи Ц. Звезда поради отказот и бараше да му се исплатат сите пари, но на крајот се откажа од тужбата откако се договорил со српскиот тим.

Српските медуми пишуваат дека гигантот од Белград ќе заштеди околу 1,5 милиони евра со договорот кој го постигнале со Бахар.