Кошаркар на Портланд го има најужасниот шут во историјата на НБА (ВИДЕО)

Екипата на Портланд трејлблејзерс ја играат една од најлошите сезони во историјата на клубот, па во финишот реши да ангажира помалку познати играчи, за да ги одмори ѕвездите и да претрпи што повеќе порази за да си ги зголеми има шансите за еден од првите три пика на следниот драфт во НБА.

Таквите работи, понедкогаш, може да испаднат смешни и помалку тажни, а Мозес Браун го покажа тоа на дело. Овој 24-годишен центар не е дебитант во најсилниот шампионат на светот, зад себе има неколку сезони во кои дури имаше и поголема улога, но неговата шутерска техника од линијата за слободни фрлања е нешто на што целиот кошаркарски свет се смее.

На мечот против ЛА Клиперс застана на белата линија, а потоа го „подигна“ ударот со едната рака, по што во салата настана вистинска смеа. Многумина не можат да сфатат како може професионален кошаркар вака да шутира кон кошот.