Јокиќ и соиграчите не жалеа по Малоун, овации за новиот тренер во соблекувалната! (ВИДЕО)

Првпат по десет години Денвер одигра меч во НБА со друг тренер, Дејвид Аделман со победа стартуваше на клупата откако неговиот тим со 124-116 победи на гостувањето кај Сакраменто.

Пред ноќешниот меч Денвер имаше серија од четири порази по ред поради која и Малоун доби отказ. 

Кошаркарите на Денвер не тагуваа многу стариот тренер, ја прекинаа негативната серија, заблежаа победа, а по крајот на мечот имаа фантастична реакција кон новиот тренер, Дејвид Аделман на кој му дадоа голема поддршка.

Никола Јокиќ на овој меч запиша трипл-дабл постигнувајќи 20 поени, 12 скокови и 11 асистенции, најефикасен во Денвер беше Браун со 25 поени, а на мечот кошаркарот на Сакраменто, Лавеијн со 27 поени.

Резултати:

Орландо - Бостон 96-76
Вашингтон - Филаделфија 103-122
Далас - ЛА Лејкерс 97-112
Торонто - Шарлот 126-96
Чикаго - Мајами 119-111
Јута - Портланд 133-126
Голден стејт - Сан Антонио 111-114
Феникс - Оклахома 112-125
Сакраменто 116-124
ЛА Клиперс - Хјустон 134-117