Трајковски го спаси Хајдук од пораз во последната секунда! (ВИДЕО)

Хајдук одигра само 1-1 во Сплит против Локомотива, но резултатот можеше да биде и полош доколку не беше нашиот Александар Трајковски, Македонецот со погодок во осмата минута од судиското продолжение го спаси својот тим од пораз.

Хајдук беше голем фаворит во дуелот со Локомотива, но момците на Гатузо одиграа само реми и паднаа од лидерската позиција во Хрватска која сега ја има Риека со бод повеќе од сплитскиот тим.

Карачиќ во судиското продолжение од првиот дел донесе водство на Локомотива.

А во 66. минута работите за Хајдук станаа уште покомплицирани откако Лучиќ заработи црвен картон.

Две минути подоцна Гатузо во игра го внесе Трајковски, а Македонецот ја оправда довербата.

Течеше 98. минута кога Ливаја одлично асистираше, а Трајковски погоди со глава за конечни 1-1.