
Стигна потврда, Бобан се врати во Динамо Загреб!
Динамо Загреб ја загуби доминацијата во хрватското првенство, па сега се обидува со промени во сите сегменти во клубот да го врати стариот сјај.
Една од тие промени е и враќањето на Звонимир Бобан кој ќе биде дел од управувачките структури во тимот.
„Љубовта кон еден клуб не познава граници, љубовта кон еден клуб не познава пречки, љубовта кон еден клуб ги спојува сите оние кои го сакаат тој клуб. Денеска се јавив на нашата сина легенда за активно да се врати во хрватскиот фудбал и во нашиот Динамо. Откако го демократизиравме нашиот клуб, Зоне Бобан го прифати повикот да се врати во својот единствени Динамо. Звоне, добредојде дома“, напиша претседателот на Динамо, Велимир Зајец на социјалните мрежи.
Уште е нејасно на која функција точно ќе биде Бобан во Динамо Загреб. Се шпекулира дека ќе биде претседател на управата.