Анчелоти им одржал жесток говор на фудбалерите и побарал две работи за мечот со Арсенал

Реал Мадрид има пад во периодот кога се решава сезоната, пред кралскиот клуб е вистински предизвик, да се врати негатива од три гола разлика против Арсенал во Лигата на шампионите.

Реал има значително заостанување во Ла Лига во однос на Барселона, а ќе биде тешко и да го помине Арсенал во Лигата на шампионите откако на Емирати доживеа пораз од 3-0.

Информациите од Шпанија велат дека денеска Анчелоти на фудбалерите им одржал говор од десет минути на висок тон.

Тој од фудбалерите побарал две работи за мечот со Арсенал, екстра залагање и максимална посветеност.