
ПСЖ води во Бирмингем, Дортмунд намали еден од четирите негатива против Барса!
Резултатот на Вила Парк беше отворен уште во 11. минута кога по една голема грешка на Мартинез, Хакими погоди за водство на ПСЖ од 1-0.
Во 28. минута веќе беше 2-0, а голот го даде Мендеш по асистенција од Дембеле.
Трошка надеж за Астон Вила донесе голот на Тилеманс во 34. минута. Но на Англичаните им е јасно дека во вториот дел треба да направат вистинска сензација за да одат понатаму.
Борусија Дортмунд со гол на Гираси од пенал во 11. минута води против Барселона со 1-0.
Но, Каталонците може да бидат мирни бидејќи првиот меч го добија со 4-0.