Поранешен вардарец подарува 250 билети за мечот со Ц.Звезда!

Владица Брдаровски купи 250 билети за утрешниот хуманитарен пријателски натпревар меѓу Вардар и Црвена звезда.

Битолчанецот кој го носеше дресот на Вардар од 2015 до 2020, како и од 2023 до минатата полусезона, направи хуман потег и купи 250 билети за утрешниот меч.

Тој информираше дека билетите ќе бидат оставени во кафе барот Паладиум и кој сака може да си подигне влезница од таму.

Средствата собрани од продажбата на билетите од мечот меѓу Вардар и Црвена звезда одат за настраданите од големата трагедија која се случи во Кочани.